вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 13
home Фудбал

Дембеле е невиден малер: Отсуствуваше пет месеци поради повреда, а сега пак се повреди

Дембеле е невиден малер: Отсуствуваше пет месеци поради повреда, а сега пак се повреди

Осман Дембеле навистина нема среќа, фудбалерот на Барселона кој се повреди пред пет месеци и имаше долга пауза, неодамна се врати на терените, но повторно се повреди.

Францускиот репрезентативец четири години е член на Барселона, а ова му е трета подолга пауза поради повреда. Поради последната пауза која ја здоби во јуни годинава пропушти 14 натпревари, а се појави на теренот на натпреварот против Динамо Киев во Лигата на шампионите кој се играше во вторникот.

Но, денеска нови лоши вести за фудбалерот и за клубот, Дембеле ја повреди тетивата на ногата и поради тоа се наоѓа надвор од тимот и од рехабилитацијата ќе зависи кога ќе се врати на терените.

Според каталонските медиуми, во Барселона се надеваат дека Дембеле ќе успее да се опорави до натпреварот против Еспањол во Ла Лига кој е закажан за 20 ноември.
Но, тоа не е крај на маките за Барселона бидејќи надвор од тимот поради повреда е и Сержињо Дест.

Коронавирус