недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Делии во транс: Поранешен напаѓач на Јунајтед пред трансфер во Ц. Звезда!

Делии во транс: Поранешен напаѓач на Јунајтед пред трансфер во Ц. Звезда!

Според пишувањето на српските медиуми, управата на Црвен звезда е пред реализација на трансфер на поранешен напаѓач на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, што предизвика одушевување кај навивачите на овој тим, популарните Делии.

Станува збор за Федерикo Македа, кој и претходно беше неостварена желба на црвено-белите. Црвено-белите наводно веќе ги договориле личните услови со италијанскиот фудбалер, па сега останува да најдат заеднички јазик со неговиот сегашен тим, Панатинаикос.

Македа се откажал од бараната плата од 1,2 милиони евра и прифатил фиксни 500.000 евра со дополнителни 200.000 евра низ разни бонуси. ПАО, пак, за него бараше еден милион евра, додека Ц. Звезда беше подготвена да плати само 350.000 евра, но како што се наведува, големи се шансите двата клуба да се најдат некаде на средина помеѓу овие две суми.

Италијанецот кариерата ја почна во Лацио, но брзо се пресели во младинската школа на Јунајтед, клуб во кој остана до 2014 година со одиграни 19 средби во сениорскиот тим со четири постигнати голови. Потоа играше за екипи како Сампдорија, Квинс Парк Ренџерс, Штутгарт, Бирмингем, Кардиф Сити и Новара.

Коронавирус