среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Фудбал

Деле Али: Англија оди во Русија да го освои СП

Деле Али: Англија оди во Русија да го освои СП

Англискиот репрезентативец Деле Али изјави дека тимот ќе биде разочаран од кое било место на претстојното Светското првенство во Русија, освен првото, објави „Скај Спортс“.

– Ќе одиме на Светското првенство за да го освоиме. Ова е нашата цел, па дури и второто место ќе не разочара. Мислам дека ни треба таков победнички дух, бидејќи не сакаме само да учествуваме на турнирот. Играчите совршено ги знаат квалитетите и талентот на овој состав. Ако секој од нас го покаже нашиот максимум, тогаш можеме да успееме, изјави Деле Али.

Англија ја освои светската титула само еднаш, во 1966 година.

На Светското првенство, Англичаните ќе играат во групата Г со репрезентациите на Тунис (18 јуни), Панама (24 јуни) и Белгија (28 јуни).

Коронавирус