сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Дел Пјеро со критики до Роналдо: Однесувањето не одговара на неговата класа

Дел Пјеро со критики до Роналдо: Однесувањето не одговара на неговата класа

Најдобриот стрелец во историјата на Јувентус – Алесандро Дел Пјеро, ги коментираше неодамнешните скандали со Кристијано Роналдо во Торино.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ не ја криеше својата фрустрација од промената во натпреварите со Локомотив Москва (2:1) и Милан (1:0), што предизвика сериозна полемика на Апенините. Тренерот Маурисио Сари се обиде да ја прикрие случката со повреда на 34-годишниот напаѓач, но потоа тој одигра силно за Португалија во квалификациите за ЕП.

– Напуштањето на стадионот пред крајот на мечот не е убаво, не одговара на класата на Роналдо. Овој гест не беше позитивен, но поважно е неговото однесување секој ден на тренинзите. Кристијано е голем професионалец и неговите соиграчи го почитуваат многу. Помалку дава голови отколку во Шпанија, но секоја сезона е различна. Во Италија, поголемо внимание се посветува на одбраната и на тактичката подготовка, рече Дел Пјеро.

Легендата, исто така, сподели дека тој останал изненаден од тренерската рокада во летото и не очекувал Сари да го преземе Јуве заради минатото со Наполи.

– Очекував на друг начин да се направи разделбата со Макс Алегри. Тој беше многу успешен, додаде иконата на „старата дама“.

На крајот, Дел Пјеро го одбрани Матијас де Лихт од критиките што ги доби по неговиот трансфер од Ајакс во Јуве.

– Имам верба во него. Тој има огромен потенцијал и игра подобро со секој натпревар, заврши тој за холандскиот репрезентативец, кој се претстави извонреднопри победата од 3: 1 над Аталанта во Бергамо во саботата.

Коронавирус