недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Дејвид Бекам за 45-тиот роденден, доби маска!

Дејвид Бекам за 45-тиот роденден, доби маска!

Статуата на Бекам во Лос Анџелес со заштитна маска.

Фудбалскиот клуб Лос Анџелес галакси кој настапува во МЛС лигата во САД и Канада, одлучи на оригинален начин да им даде пример на фановите што треба да прават за време на пандемијата од корона-вирусот. Клубот му стави заштитна маска на споменикот направен во чест на новниот поранешен играч Дејвид Бекам, кој сега е газда на клубот Интер од Мајами.

Маската е сина со клупскиот амблем на Галакси. Со ова, Галакси сакаше да ги потсети фановите дека е важно да се носат заштитни маски. Статуата е поставена на 2 март 2019 година, во пресрет на првиот меч од минатата сезона. Бекам на кого денеска му е роденден и полни 45 години, во Галакси дојде во 2007 година и таму играше шест сезони, во кои двапати стана шампион на МЛС.

Бекам во дресот на Галакси имаше 20 гола и 42 асистенции, и тој е единствен фудбалер кој има статуа во САД.

Коронавирус