недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

„Дејли Мејл“: Ливерпул купува косовски репрезентативец за 38 милиони евра

„Дејли Мејл“: Ливерпул купува косовски репрезентативец за 38 милиони евра

Ливерпул веќе мисли на летниот преоден рок, а според „Дејли Мејл“ една од главните желби на тренерот Јирген Клоп е репрезентативецот на Косово, Милот Рашица.

Овој 23-годишен фудбалер настапува во Вердер Бремен, каде што веќе биле испратени скаути од Ливерпул да го следат неговиот развој.

Рашица во моментов е најдобар фудбалер на Вердер, зашто на 21 настап постигна 10 голови и четири асистенции, а Ливерпул е подготвен да понуди за него околу 38 милион евра.

Ливерпул, освен за Рашица, интерес покажа и за Кевин Де Брајне и Ејмерик Лапорт од Манчестер сити, кој се соочи со суспензија од Лигата на шампиони, па сега сакаат да им избегаат ѕвездите.

Коронавирус