четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Дефиниција за несебичност – Меси можеше и до хет-трик, но го остави Мбапе да го изведе последниот пенал

Дефиниција за несебичност – Меси можеше и до хет-трик, но го остави Мбапе да го изведе последниот пенал

Постигнувањето на голови никогаш не било врвен приоритет во играта на Лео Меси, а аргентинскиот генијалец ја потврди својата несебичност и на дуелот меѓу ПСЖ и Лајпциг.

Тој со два гола донесе пресврт и водство на „светците“, а по досудениот пенал во 94. минута имаше можност да стигне до хет-трик, прв за него во дресот на ПСЖ. Меси сепак имаше поинакви планови, оставајќи му ја топката на Килијан Мбапе, кој на крајот шутираше и непрецизно, над голот на Лајпциг.

Најважно за Меси и компанија сепак е што стигнаа до трите бода и се наоѓаат на врвот на табелата во својата група со седум бода, еден повеќе од Манчестер Сити.

Коронавирус