сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 103
home Фудбал

Дефанзивецот на Милан излезе со брутален коментар за заминувањето на Донарума во ПСЖ

Дефанзивецот на Милан излезе со брутален коментар за заминувањето на Донарума во ПСЖ
Db Milano 17/10/2020 - campionato di calcio serie A / Inter-Milan / foto Daniele Buffa/Image nella foto: Gianluigi Donnarumma-Davide Calabria PUBLICATIONxNOTxINxITA

Џиџио Донарума одлучи да не ја продолжува соработката со Милан и премина во ПСЖ по крајот на Европското фудбалско првенство, турнир на кој фантастичниот италијанскит голмба беше избран за најдобар играч.

Иако има само 22 години, Донарума веќе неколку сезони е во самиот фудбалски врв и се натпреварува на највисоко ниво, па неговото заминување од Милано предизвика нова серија бесни реакции од тифозите на клубот, без оглед на тоа што управата немаше никакви забелешки за младиот голман.

Малдини како директор му посака многу среќа во новата етапа, а иако истото сега го направи и Давиде Калабрија, сепак бекот на Милан признава дека се случиле работи кои никој не може да ги разбере.

– Донарума ќе остане мој пријател, без оглед на тоа што нашите патеки се разделија во оваа фаза од кариерите. Има работи кои никој не ги знае и не може да ги разбере. Секој носи сам свои одлуки и е одговорен за истите. Времето ќе покаже дали Џиџио ја донесе правилната одлука со тоа што го напушти Милан.

– Кога се решавате за ваков чекор, го правите тоа мислејќи на најдоброто, го почитувам тоа и ќе бидам среќен ако успее во ПСЖ. Сепак, нема да кријам дека ми е жал што не напушти и што си отиде од Милан. Наша цел е да го вратиме Милан онаму кадешто припаѓа, а ПСЖ во овој момент е друго ниво за нас. Џиџио отиде во клуб кој е друго ниво за нас во последните години, тие постојано се во Лигата на шампиони, а ние сега за првпат се враќаме таму после подолго време, – брутално искрено вели Калабрија во интеврјуто за „Кориере дело Спорт“.

Коронавирус