Дефанзивецот на Баерн Минхен позитивен на коронавирусот, Бенјамин Павар е позитивен на коронавирус, соопшти денеска баварскиот клуб.
– Павар е во добра здравствена состојба и е дома во самоизолација, изјави германскиот шампион.
Францускиот фудбалер минатата недела го постигна единствениот гол на мечот против мексиканскиот Тигрес, во финалето на Светското клупско првенство во Катар, а во понеделникот беше на клупата на натпреварот против Арминија Билефелд.
Баерн не соопшти дали случајот на Павар е поврзан со Томас Милер, кој минатата недела беше позитивен на коронавирус на Светското клупско првенство.
Ова е исто така четврти случај на коронавирусот во Баерн за помалку од еден месец, а претходно беа заразени Леон Горецка и Чави Мартинез.
loading...