петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

Де Лихт откри зошто го одбра Јувентус пред Барселона

Де Лихт откри зошто го одбра Јувентус пред Барселона

Холанѓанецот Матијс де Лихт важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, иако е релативно млад и се наоѓа на почеток на кариерата.

Вчера тој потпиша договор со Јувентус, а пред прес-конференцијата ги анализираше мотивите за неговата одлука да се пресели во Италија.

„Тоа беше тешка одлука. Имав повеќе опции и морав да ја одберам најдобрата. Ми се допаѓа како Италијанците играат во дефанзива и ја донесов одлуката врз база на тоа. Многу мои идоли се од Италија: Малдини, Барези, Неста, Канаваро… и би можел да продолжам.

Сакав да знам колку клубот верува во мене и колку ќе ми даде шанса да играм. Затоа го одбрав Јувентус“ , вели 19-годишникот.

Ајакс ја наполни касата и за својот капитен доби 75 милиони евра од италијанскиот првак.

Коронавирус