понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Фудбал

Де Лихт ќе стане втор најплатен играч во Серија А по Роналдо

Де Лихт ќе стане втор најплатен играч во Серија А по Роналдо

Дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лихт е близу до трансфер во Јувентус, Според медиумите во Италија „бјанко-нерите“ се подготвени на 19-годишниот Холанѓанец да му дадат плата 14 милиони евра годишно.

Претходно беше објавено дека италијанскиот шампион му понуди на Ајакс 70 милиони евра за талентираниот фудбалер.

Со оваа плата Де Лихт ќе стане втор најплатен фудбалер во Серија А. Најплатен во италијанскиот фудбал е Кристијано Роналдо со плата од 31 милион евра годишно.

Минатата сезона, Де Лихт одигра 55 натпревари за Ајакс постигна седум гола и оствари четири асистенции.