четврток, 5. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Фудбал

Де Лихт: Јас сум виновникот за поразот

Де Лихт: Јас сум виновникот за поразот

Матијс де Лихт беше трагичарот на Холандија на денешното осминафинале против Чешка, на кое „лалињата“ претрпеа неочекуван пораз од 2-0 и го завршија настапот на ЕВРО 2020.

„Секако дека ми е тешко, многу ми е жал бидејќи го загубивме натпреварот поради она што го направив. Јас сум виновникот, го контролиравме темпото на натпреварот, а потоа една долга топка кон нашиот шеснаесетникот промени буквално се. Паѓав, малку ме турнаа од зад грб и бев принуден да играм со рака. Сепак, јасно ми е дека не требаше така да изреагирам. Жалам бидејќи гледав како момците се бореа од почеток до крај, многу сум горд на сите, но исто така се чувствувам тажно бидејќи јас сум виновникот за оваа рана елиминација“, истакна де Лихт.

Коронавирус