четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Лаурентис: Сари секогаш завршува со отказ

Де Лаурентис: Сари секогаш завршува со отказ

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, повторно го критикуваше поранешниот тренер на клубот Маурицио Сари, кој сега работи во Челзи.

– Сега за сега на Сари му оди добро во Челзи. Но, тој има многу порази во неговата кариера и секогаш е отпуштан. Поради ова, тој ги расипува своите односи со луѓето, изјави Де Лаурентис.

Сари го напушти тренерското место во Наполи во летниот трансфер период. На негово место дојде Карло Анчелоти.

Под водство на Сари, Челзи има максимални пет победи во новата сезона од Премиер лигата.

Коронавирус