сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 104
home Фудбал

Де Јонг: Резултатот 1:1 со Јувентус и не е така лош

Де Јонг: Резултатот 1:1 со Јувентус и не е така лош

Фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг за натпреварот со Јувентус (1:1) во четвртфиналето на Лигата на шампионите рече дека е остварен резсултат кој остава шанси за реваншот во Торино,

– Бевме вознемирени од голот пред паузата, но го почнавме второто полувреме многу силно и постигнавме изедначувачки гол. Резултат 1:1 не е толку лош. Мислам дека имаме шанси во реваншот. За време на паузата, тренерот побара од нас да го играме истиот фудбал како и во првото полувреме и кажа што точно треба да се подобри. Ако играме на ист начин како во Мадрид, со истото расположение, ќе имаме големи шанси да победиме. Се уште го немаме кажано последниот збор во Лигата на шампионите, изјави Де Јонг.

Реваншот е закажан за 16 април.

Коронавирус