вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Јонг: Ајакс изгледа како Барселона

Де Јонг: Ајакс изгледа како Барселона

Новиот играч на Барселона, Френки де Јонг, пред првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд смета дека неговиот поранешен клуб Ајакс и каталонскиот клуб имаат слична фудбалска филозофија.

– Во принцип, Барселона и мојот поранешен клуб Ајакс имаат слично фудбалско размислување и сфаќање на играта. Секако, јазикот е различен, но разликите не се толку големи. Што научив со преселбата во Барселона? Научив многу зборови на шпански! Тешко е да се каже што друго научив. За три недели, невозможно е да се научи да се погоди горниот агол од голот – изјави Де Јонг.

Барселона вечерва од 21 часот и гостува на Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза во новата сезона на Лигата на шампионите.