недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Хеа го сруши рекордот на Шмајхел

Де Хеа го сруши рекордот на Шмајхел

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, не прими ниту еден гол на вчерашниот натпреварот во Премиер лигата против Лестер (2:0) и постави нов рекорд. Шпанецот по 113-ти пат ја зачува „сува“ мрежата на Јунајтед во Премиер лигата.

Де Хеа во оваа статистичка категорија го престигна Питер Шмајхел кој 112 пати бранел за Манчестер без да прими гол.

Едвин ван дер Сар е на третото место по однос на бројот на „суви“ мрежи за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, со 90 такви натпревари, Фабиан Бартез на четвртото место со 30, додека ТОП 5 се затвора со Рој Керол кој има 24 „суви“ мрежи.

Коронавирус