недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Де Геа за одбранетиот пенал: Размислував само за една работа (ВИДЕО)

Де Геа за одбранетиот пенал: Размислував само за една работа (ВИДЕО)

Составот на Манчестер Јунајтед дојде до трите бода на тешкото гостување во Лондон кај Вест Хем (2-1), а за тоа најзаслужен е голманот Давид Де Геа кој во судиското продолжение го одбрани ударот од 11 метри на Марк Нобл.

Имено Јунајтед дојде до водство од 2-1 преку Лингард во 89 минута, но „чеканите“ не се откажаа и во самата завршица се изборија за пенал откако со рака играше Лук Шо. Домаќините или поточно нивниот тренер Мојс се одлучи да ризикува и во игра го стави капитенот Нобл и тоа само за да ја изведе најстрогата казна, меѓутоа тоа се покажа како сосема погрешно затоа што Де Геа го прочита и стана херој на „црвените ѓаволи“.

Шпанецот беше пресреќен, па по средбата се обиде да ја објасни таа клучна одбрана вредна три бода.

-Беше последна минута, јас одбранив. Големи три бода за нас. Низ мојата глава ми се вртеше „мораш да одбраниш“. Беше тежок меч, двете екипи имаа шанси, Џеси даде одличен гол. Масивни три бода, во соблекувалната кажавме дека трите бода се најважната работа, истакна Давид.

Локални избори 2021