четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 92
home Фудбал

Де Геа по стоти пат со „сува“ мрежа во Премиер лигата

Де Геа по стоти пат со „сува“ мрежа во Премиер лигата

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа не прими гол на денешниот натпревар од 27. коло во првенството на Англија против Ливерпул.

Мечот заврши 0:0, за Шпанецот ова беше 100. Натпревар со „сува“ мрежа во Премиер лигата.

Де Геа е само седмиот голман во историјата на Премиер лигата кој на сто натпревари не бил совладан.

Воедно, Де Геа е вториот чувар на мрежата без примен гол на 100 меча. Првиот беше легендарниот Данец, Петер Шмајхел.