петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 158
home Фудбал

Де Брујне е играч на сезоната во Премиер лигата

Де Брујне е играч на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне е прогласен за најдобар играч во оваа сезона во Премиер лигата.

Оваа сезона завршува утре, но што и да се случи нема да го промени впечатокот дека Белгиецот имаше одлична година во која даде 15 голови и 7 аасистенции на 29 натпревари, учинок кој може да го поправи против Астон Вила, но и да се израдува на пехар во случај „граѓаните“ да го потврдат статусот на фаворити.

Кевин ги остави зад себе Александер-Арнолд, Салах, Боуен, Кансело, Сака, Мин и Вард-Праус, но во исто време влезе во одбрано друштво на Кристијано Роналдо, Тјери Анри и Немања Видиќ како асови кои во повеќе направи биле прогласени на најдобри фудбалери на сезоната во елитната англиска конкуренција.

Коронавирус