понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Давиде Никола нов тренер на Торино

Давиде Никола нов тренер на Торино

Италијанскиот фудбалски прволигаш Торино го назначи денеска Давиде Никола за нов тренер во битката за опстанок во Серија А.

Никола (47) доаѓа на местото на Марко Џампаоло, кој беше отпуштен по серијата лоши резултати.

Торино по 18 кола во италијанскиот шампионат е во зоната на испаѓање на 18. место, со само две победи и 13 бодови.

Торино е четврти италијански прволигаш со тренерска смена од почеток на сезонава, по Фиорентина, Џенова и Парма.

Никола има посебно место во колективната меморија на навивачите на Торино, откако екипата токму со неговиот гол во плејофот избори пласман во Серија А во сезоната 2005/06.

Во својата тренерска кариера, Никола претходно ги предводеше Лумецане, Ливорно, Бари, Кротоне, Удинезе, а минатата сезона му беше тренер на македонскиот репрезентативец Горан Пандев во Џенова. (МИА)

Коронавирус