петок, 3. декември 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

Давид Луиз потпиша за Фламенго

Давид Луиз потпиша за Фламенго

Искусниот бразилски фудбалер, Давид Луиз, кариерата ќе ја продолжи во Фламенго, и таму ќе го носи дресот со бројот 23. Луиз со клубот од Рио де Жанеиро потпиша едногодишен договор.

Давид Луиз минатата сезона играше за лондонски Арсенал, и на 20 меча во Премиерлигата даде еден гол.

Откако му истече договорот со Топчиите на 30-ти јуни, тој се обидуваше да си најде клуб во Европа, но не успеа, и одлучи да ја прифати понудата од Фламенго.

Коронавирус