сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Фудбал

Датум за рестарт на Ла Лига нема, ама се знае кога навивачите ќе се вратат на стадион

Датум за рестарт на Ла Лига нема, ама се знае кога навивачите ќе се вратат на стадион

Шпанија веќе објави дека од идната недела професионалниот спорт се враќа, но веројатно нема да се почне со индовидуалните тренинзи од понеделник, зашто ќе треба да се сочекаат до 48 часа од тестовите на Ковид-19 кај фудбалерите, за да се добие „зелено светло“.

Но, иако враќањето на тренинзи е добра најава за рестартот на сезоната, најавен најдоцна до средина на јуни, сепак од Пиринеите точен датум нема и ќе се сочека со конечно одредување, најави првиот човек на Вишиот спортски Совед (ЦСД), Ирене Лозано, која патем ги разочара сите фудбалски навивачи.

Таа посочи дека гледачи на мечевите ќе има кога – ќе се најде вакцината за Ковид-19.

„Во моментов публика е невозможна и ќе мора да се стрпиме за такво нешто. Наше е да чекаме, а фудбал ќе гледаме само на телевизија. Тоа е вистината. За нешто повеќе, за навивачи на трибините ќе мора да ја чекаме вакцината“, вели Лозано.

Таа ја обрзложи одлуката зашто нема конечен датум за почеток на Ла Лига.

„Сега сме како Чоло (Диего Симеоне – н.з.). Одиме од меч во меч. Што значи во моментов почнуваме со индивидуални тренинзи, а за да видиме кога ќе почнеме мора да следиме како ќе се развиваат тренинзите, како ќе се развива ситуацијата. Во моментов невозможно е да одредиме точен датук кога може да продолжи Ла Лига“, додава Лозано.

Коронавирус