четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 192
home Фудбал

Дармијан ги потврди гласините за трансфер во Интер

Дармијан ги потврди гласините за трансфер во Интер

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан ги потврди гласините дека е близу до враќање во Серија А.

Италијанскиот дефанзивец е поврзан со трансфер во Интер, кој бара нов квалитетен фудбалер по напуштањето на Жоао Кансело.

Синоќа Дармијан зеде учество во дуелот помеѓу Манчестер и Милан, кој заврши со победа за „црвените ѓаволи“, а дури го изведе својот тим со капитенската лента.

– Интер? Со сигурност има нешто точно. Ќе видиме што ќе се случи во наредните недели, но навистина има можност да се вратам во Италија, прокоментира Дармијан пред „Скај Спорт“.

Раководството на Интер преговара и со Атлетико Мадрид за хрватскиот дефанзивец Симе Врсаљко, но во моментов „јорганџиите“ не се согласуваат да го дадат својот фудбалер на изнајмување со опција за откупување.

Коронавирус