петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Дарко Чурлинов: Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме

Дарко Чурлинов: Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме

Стандардно за ФФМ на овој голем собир, секојдневно со исклучок на деновите за натпревар и кога има официјални прес-конференции, се одржуваат дневни брифинзи, а на денешниот зборуваше младиот фудбалер Дарко Чурлинов.

„Среќен сум што имам можност да бидат дел од овој тим на ова историско ЕП. Атмосферата е одлична. Нормално е да има еуфорија. Јас верувам во моите квалитети и подготвен сум да и помогнам на екипата. Дали ќе добијам шанса не зависи од мене. Горд сум дека сум најмлад дебитант во историјата на Македонија. Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме. Секој би сакал да постигне гол на Европско првенство, ако тоа треба да сум јас, ќе го направам тоа. Секој натпревар е тежок. Треба да влеземе 100% фокусирани во мечот. Да бидеме на ниво како на минатите натпревари. Против Австрија не одигравме добро во последните 20 минути. Треба да веруваме во себе и да ја играме нашата игра“, смета Чурлинов.

Коронавирус