сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Данскиот голман проговори за натпреварот со Финска: УЕФА изјави дека фудбалерите инсистирале да го завршат мечот, но тоа не е точно!

Данскиот голман проговори за натпреварот со Финска: УЕФА изјави дека фудбалерите инсистирале да го завршат мечот, но тоа не е точно!

Легендарниот дански голман Питер Шмајхел проговори за ситуацијата со натпреварот Данска – Финска (0:1) во првото коло од групната фаза на ЕВРО 2020 по срцевиот удар на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен.

– Видов изјава од УЕФА, во која беше забележано дека тие донеле таква одлука по совет на играчите, демек фудбалерите инсистирале да го завршат мечот. Но, ова не е точно. На играчите им беа понудени три опции. Првата беше да се заврши натпреварот веднаш. Втората опција беше следниот ден напладне да се доиграат преостанатите минути. Третата беше службен пораз со 3:0.

Па сега видете сами, дали навистина беше желбата на играчите да завршат со играта веднаш? Дали имаа избор? Мислам, не, изјави Шмајхел. (МИА)

Коронавирус