четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Данска влезе во историја: Никој досега по два порази не успеал да оди во втора фаза!

Данска влезе во историја: Никој досега по два порази не успеал да оди во втора фаза!

Селекцијата на Данска, поранешниот европски првак од 1992 година, запиша историски момент на овој 16-ти континентален собир, откако синоќа со убедливите 4-1 против Русија во Копенхаген, стигна до пласман во втората фаза на Еуро 2020.

Никој досега во историјата не успеал да стигне до следна фаза и осминафинале во случајов, кога имал два порази по стартните два меча, а Данците загубија со 0-1 од Финска и со 1-2 со пресврт од Белгија.

Но, извонредниот меч сега и помошта и од Белгија, ги однесоа Данците дури до второто место и тоа само поради подобрата гол-разлика во мини-табелата со три селекции, со Финска и Русија, откако сите имаа по три бода. Пресуди овој убедлив триумф за тие да бидат втори, па со тоа сега испишаа историски момент.

Инаку, на минатото ЕП, Португалија беше хит, зашто успеа група да помине без победа со три ремија и на крај да стане – европски првак!

Коронавирус