среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Даноски го засилува нападот на Победа

Даноски го засилува нападот на Победа

Крилниот напаѓач Зоран Даноски по шест години минати во Чешка се враќа во Македонија и во пролетната полусезона ќе настапува за прилепска Победа.

Со ангажманот на 27-годишниот Даноски, тренерот на Победа Бубања добива квалитетен офанзивец и силен адут во напаѓачката формација на „црвено-белите“ од која напролет се очекува далеку поголема ефикасност за разлика од есенската полусезона.

Во есенската полусезона Даноски настапуваше за Прибрам во чешката Втора лига, каде на 15 натпревари постигна четири гола. Во кариерата настапувал за Кожуф, од каде прави трансфер во чешки Мост, па во Прибрам, а како позајмен од овој чешки клуб настапуваше за скопски Металург, Тиквеш Кавадарци и хрватски Интер Запрешиќ.

Даноски е шестото засилување на Победа за пролетниот дел во првенството. Прилепчани досега ги ангажираа: голманот Дарко Тофилоски, Иван Ивановиќ, Аљтин Лога, Никола Јаќимовиќ и младиот Благоја Спиркоски, а голема придобивка е останувањето во клубот на еден од најдобрите фудбалери Филип Најдовски.

Коронавирус