сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 56
home Фудбал

Дани Алвеш се врати на терените по долгата пауза

Дани Алвеш се врати на терените по долгата пауза

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дани Алвеш, целосно закрепна од повредата на коленото.

Триесет и пет годишниот Бразилец за првпат од мај кога ги скина лигаментите, одржа тренинг со тимот.

Се уште нема информации за тоа кога ќе може Алвеш да игра натпревари, бидејќи најпрво ќе треба да ја достигне посакуваната форма.

За потсетување, Алвеш беше повреден во финалето на францускиот куп на 8 мај 2018 година и оттогаш не се појави на теренот. (МИА)