сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Дамјан Шишковски го продолжи договорот со Докса

Дамјан Шишковски го продолжи договорот со Докса

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува член на кипарска Докса уште три години, откако нашиот интернационалец ја продолжи соработката со актуелниот клуб до 2024 година.

Шишковски, кој е дете на Работнички, минатата година бранеше на сите мечеви за македонската репрезентација во Ц-дивизијата во Лигата на нации, а во Докса досега има 35 настапи.

Поранешниот голман на Работнички во досегашната кариера беше дел од белгиски Гент, каде не запиша настап, а потоа мина кратки авантури во финските Лахти и Ропс.

Коронавирус