вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 132
home Фудбал

Далиќ: Шпанија не е среќна што ќе игра со нас, Перишиќ ќе ни недостига

Далиќ: Шпанија не е среќна што ќе игра со нас, Перишиќ ќе ни недостига

Вицешампионот од Мундијалот во Русија во 2018 година, Хрватска има пеколно тешка задача во осминафиналето на Европското првенство. Ривал на „коцкестите“ ќе им биде Шпанија, која иако не беше на очекуваното ниво, има млад и силен тим. На прес-конференцијата зборуваше Златко Далиќ, кој се осврна на отсуството на Перишиќ.

„Ќе биде тешко да го замениме Перишиќ, но имаме квалитетни алтернативи. Кој и да го замени, ќе биде на вистинско ниво, но се сомневам дека замената ќе биде на нивото на Перишиќ. Имаме респект кон сите, особено кон следниот ривал. Сепак, и тие знаат дека сме квалитетен ривал, па не се среќни што ќе играат против нас. Мора да бидеме целосно мотиривани, целта е да дојдеме до четвртфиналето. Мислам дека ќе биде добро да ги видиме фановите на стадионот. Секогаш не мотивираат, како да се екстра играч. Се надевам нема да ги разочараме“, изјави Далиќ.

Иако без Перишиќ, Хрватите мора да се потрудат да остават добар впечаток. Задачата нема да им биде лесна, попладнево од 18:00 часот ќе се пресметаат со Шпанија.

Коронавирус