вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Фудбал

Далиќ останува хрватски селектор

Далиќ останува хрватски селектор

Хрватската фудбалска федерација го продолжи денеска договорот за соработка со селекторот Златко Далиќ до ЕУРО2024.

– Му благодарам на раководството на Федерацијата за укажаната доверба. Многу пати сум истакнувал дека за мене нема поголема чест од тоа да ја предводам хрватската репрезентација. Уверен сум во наш успех во квалификациите за ЕУРО2024, а имајќи предвид дека завршниот турнир ќе се одржи во Германија, уверен сум дека не чека незаборавна атмосфера и поддршка од нашите навивачи, а таа слика ми дава неверојатен мотив за натамошна работа, изјави попладнево Далиќ.

Тој седна на клупата на Хрватска во есента 2017 година и го предводеше националниот тим до сребрениот медал на Светското првенство 2018 во Русија, ја мина групната фаза на ЕУРО2020, а обезбеди и пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Коронавирус