сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Фудбал

Далиќ ја стресе Хрватска: Сега е идеално време да си заминам!

Далиќ ја стресе Хрватска: Сега е идеално време да си заминам!

Дојде како тотален „анонимус“ за кого цела хрватска јавност сметаше дека е „потрчко“ на Давор Шукер и Здравко Мамиќ, но успеа да ја однесе Хрватска на СП во Русија и тоа преку исклучително незгоден ривал во баражот (Украина), па од Русија да се врати со историски најдобар резултат – сребро. Златко Далиќ преку ноќ стана миленик на Хрватска, па сега е на раскрсница – дали да си замине или да остане селектор.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) објави дека актуелниот кормилар има договор до 2020 година, но веќе се појавија шпекулации дека може да си оди по историскиот успех. Далиќ по дводневното незаборавно славје од дочекот во Загреб преку тој во родниот крај сега го остава отворено прашањето за евентуалното негово заминување. Вели идеално време е да замине, ама и се двоими дали е во ред сега да ги изневери луѓето во Хрватска.

Како што објави, планот му бил по СП да си замине и да остави време НХС да најде нов „изборник“ пред воведниот меч со европскиот првак Португалија во А-дивизијата во Лигата на нации.

-Јас не ни размислував за мечот со Португалија. Сега е идеален момент да си заминам. Одлуката ја донесов уште по турнејата во САД, ја донесов со своето семејство и таа одлука стои во мене. Ама, враќањето во Загреб и кога го видов тој дочек, сега морам да ја преиспитам одлуката. Баш поради тие обични луѓе, кои и ми се најважни, поради тие емоции сега се прашувам имам ли право да ги изневерам?, рекол Далиќ за „Вечерњи лист“.