недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Далиќ: Бевме безопасни, против Шпанија мора да играме подобро

Далиќ: Бевме безопасни, против Шпанија мора да играме подобро

Хрватска синоќа ремизираше 1:1 на пријателскиот натпревар со Португалија, а селекторот Златко Далиќ изјави дека неговиот тим не се претстави во најдобро светло.

– Не бевме доволно агресивни, иако во второто полувреме прикажавме поцврста игра. Бевме целосно безопасни во нападот. Против Шпанија ќе мора да играме подобро, истакна Далиќ.

Според хрватскиот селектор играта на неговиот тим не била „убава за око“. Хрватска ќе се соочи со Шпанија во натпревар од Лигата на нациите во вторник.