понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 9
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Дали Роналдо навистина го заслужува прекарот „Пеналдо“?

Дали Роналдо навистина го заслужува прекарот „Пеналдо“?

Кристијано Роналдо важи за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот. Од денот кога се појави во Спортинг Лисабон, португалскиот ас покажа дека живее за гол, а тоа го потврди во наредните клубови за кои играше.

Најмногу се истакна во Реал Мадрид каде помина девет сезони. Рекордниот трансфер од Манчестер Јунајтед му овозможи да заигра во Шпанија, каде имаше големо ривалство со Лионел Меси од Барселона.

Во текот на кариерата, 35-годишникот доби прекар „Пеналдо“. Дали истиот е оправдан, може да се види во статистиката која што следува.

Имено, Роналдо од сезоната 2009/10 искористил 93 од вкупно 107 удари од белата точка. Тоа е најмногу меѓу сите фудбалери во Европа. Тоа е 87% успешност, што го прави Португалецот еден од најлеталните кога е во прашање најстрогата казна.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ постигнал 503 погодоци во овој период, а дури 18% пристигнале од пенал. Тоа е повеќе во однос на ривалот Меси, кој е втор на листата играчи со најмногу пенали, со 82. Аргентинецот има 64 успешни реализации и од своите 545 гола, од оваа позиција постигнал 12% од головите.

Ѕвездата на Јувентус често се смета за себичен, но неговиот број на асистенции е импресивен и ќе изненади многумина. Во последната декада тој има повеќе додавања за гол од имиња како Давид Силва, Кевин Де Брујне и Еден Азар.

Овие бројки до некаде потврдуваат дека фановите можеби претеруваат кога го нарекуваат „Пеналдо“ и себичен фудбалер кој мисли само на себе, а не на тимот.

Коронавирус