вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 62
home Фудбал

Дали Мендеш и Роналдо го користат Јувентус само како „мамец“ за да го добијат посакуваното од Перез?

Дополнителна непознаница е дали Јувентус свесно или несвесно учествува во оваа игра, односно дали торинскиот клуб свесно му прави услуга на Роналдо во договор со Мендеш, или пак италијанскиот шампион е само „мамец“, но за тоа не е свесен?!
Дали Мендеш и Роналдо го користат Јувентус само како „мамец“ за да го добијат посакуваното од Перез?

Шпанските медиуми сепак се резервирани околу можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Дел од нив, обелоденуваат сценарио според кое Португалецот нема намера да си замине од Мадрид, туку тој и неговиот агент Жорге Мендеш свесно го искористуваат Јувентус, за Роналдо од Флорентино Перез да го добие она што го посакува, 30 милиони евра годишно и најскап фудбалер на светот.

Дополнителна непознаница е дали Јувентус свесно или несвесно учествува во оваа игра, односно дали торинскиот клуб свесно му прави услуга на Роналдо во договор со Мендеш, или пак италијанскиот шампион е само „мамец“, но за тоа не е свесен?!

Понудата од Јувентус пристигна во Мадрид, онолку колку што Мендеш побара, односно гарантираше дека Реал ќе прифати. „Старата дама“ испрати понуда од 100 милиони евра, а имаат и начелен договор со Португалецот. Сега се е на Флорентино Перез, во Јувентус молчат, а директорот Мората со насмевка на лицето одби да коментира за целиот случај, иако секогаш кога нема вистина категорично демантира било какви шпекулации.

„Дон Балон“ пишува дека сега Перез сфатил дека Роналдо сака да си оди и дека ќе ја израмни понудата на Јувентус. Тоа ќе биде „земи или остави“ од страна на Реал. Во меѓувреме, познатиот новинар Томас Ронсеро јавно го замоли Роналдо, во името на сите навивачи на Реал, да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

И понатаму останува дилема, дали Мендеш го користи Јувентус, или Роналдо е толку лут што е одлучен да се пресели во Торино. Она што е потврдено е дека „Ексор“ плус спонзорите, компанијата која го поседува „ФИАТ“ ќе плаќа 20 милиони евра, Јувентус преостанатите 10 милиони и дека Роналдо ќе добие договор на четири години вреден 120 милиони евра.

Истото тоа сега би можел да го добие од Реал, со една година помал договор, па ако успеа да го „навлече“ Реал, а Јувентус му помага околу сето тоа, тогаш јасно е околу што е целата приказна. Не е дека вакво нешто се нема случено. Сетете се на Серхио Рамос и Манчестер Јунајтед и начинот на кој што го потпиша новиот договор со Реал, кога Перез на крајот му ги даде парите кои ги бараше.

Одбројувањето продолжува, одлуката се очекува набрзо.