вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 24
home Фудбал

Дали и ова е можно: Голманот на Астон Вила избираше кој да шутне пенал за Јунајтед?

Дали и ова е можно: Голманот на Астон Вила избираше кој да шутне пенал за Јунајтед?

Манчестер Јунајтед загуби на домашен терен од Астон Вила попладнево, резултат кој е изненадување во Премиерлигата.

Домаќинот загуби со 0:1, но во самиот финиш имаше можност да го оживее натпреварот и да постигне гол за 1:1 преку пенал, кој го изведе Бруно Фернандеш, но го утна, односно шутираше високо над голот.

Единствено нејасна е реакцијата на голманот на Астон Вила, Мартинез, кој пред да го изведен пеналот Фернандеш, имаше некоја расправија веројатно со Кристијано Роналдо.

Од таквата ситауција, сеирџиите на твитер веднаш направија пародија дека Мартинез посакувал Роналдо да го изведува пеналот, а по промашениот пенал, голманот на гостите имаше интересен перформанс пред очите на домашните фанови.

Локални избори 2021