четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 11
home Фудбал

Дајер со капитенската лента ќе ја предводи Англија на дуелот со Швајцарија

Дајер со капитенската лента ќе ја предводи Англија на дуелот со Швајцарија

Во отсуство на Хари Кејн, капитенската лента во англиската фудбалска репрезентација на вечерашниот пријателски дуел со Швајцарија ќе ја носи Ерик Дајер.

Селекторот на „Гордиот Албион“ Герет Саутгејт одлучи за овој меч да го одмори Кејн и неговата улога на предводник на тимот да ја довери на Дајер, објави Скај Спорт.

Саутгејт има намера да направи неколку замени и да им даде шанса на повеќе играчи кои не се стандардни во првиот состав на националниот англиски тим.

Во натпреварот од Лигата на нации, Англија во саботата на свој терен загуби од Шпанија со 2:1.

Овој пораз за Англичаните беше трет во низа.

Натпреварот Англија – Швајцарија се игра во Лечестер вечер со почеток во 21 часот.