вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

ДА ПРОДОЛЖИ ТРЕНДОТ: Историјата против Австријците е на наша страна

ДА ПРОДОЛЖИ ТРЕНДОТ: Историјата против Австријците е на наша страна

Македонија денеска во „Виенер Штадхале“ го игра клучниот натпревар на ЕУРО 2020, противник е домаќинот Австрија на која и нерешено и одговара за пласман понатаму.

Oна што е добро во пресрет на овој натпревар е историјата која ја имаме против Австријците, е на наша страна. Македонија на последните 4 официјални средби против Австрија на три пати излегуваше како победник, а тука е искуството на нашата селекција кое е далеку поголемо од она на домаќините.

Најдобар пласман на Австрија на Европските првенства е деветото место кое го освоија пред 10.години, но од таа селекција денес нема никој. Таа репрезентација беше водена од имиња како Роланд Шлингер, Виктор Силаги, Вутаутас Зјура кои ги завршија своите кариери.

Оваа Австрија е предводена од капитенот Никола Билик, кој заедно со Божовиќ се ударната сила на Австријците, но далеку од тоа дека тоа се ракометари со кои не можеме да се справиме.

Наша предност е и тоа што Австрија во овој меч влегува и под поголем притисок поради домашниот терен, а дека имаат осцилации покажаа во мечот со Украина која квалитативно е најслабата селекција во нашата група.

 

Извор: Дриблинг.мк

Коронавирус