вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Да не беше трагично, ќе беше комична казната на Барселона за Гризман

Да не беше трагично, ќе беше комична казната на Барселона за Гризман

Шпанскиот фудбалски сојуз преку судијата Хуанто Ландабере ја одреди казната за Барселона поради неправилностите во преговорите со Антоан Гризман кој ова лето пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра.

А, верувале или не, казната е 300 евра. Сепак, и самиот судија призна дека казната е занемарлива па, повикувајќи се на членовите 88 и 126 од дисциплинскиот правилик на шпанскиот сојуз, предложи Барселона да одигра еден натпревар пред празни трибини.

Постапката беше покрената откако Атлетико ја обвини Барселона дека преговарала со Гризман во време кога неговата отштетна клаузула изнесувала 200 милиони евра, односно пред неговиот поранешен клуб да ја спушти на 120 милиони евра. Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Анхел Жил Марин тврди дека има и докази за тоа.