петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Црвена звезда заработи брдо пари од продажба на билети во ЛШ!

Црвена звезда заработи брдо пари од продажба на билети во ЛШ!

Српскиот фудбалски шампион, екипата на Црвена звезда може да се пофали со одлична финансиска заработувачка кога во прашање се продадените билети за натпреварите во Лигата на шампиони.

Тимот од Белград засега од три натпревари во групната фаза заработи пет милиони евра, додека во квалификациите, осносно дуелите против Копенхаген и Јанг Бојс, зема дополнително 850.000 евра. Уште кога ќе се додадат финансиите кои ги земаа против Хелсинки и Судова (исто така квалификации), Црвена Звезда има приход од приближно 6.300.000 евра.

Оваа сума претставува зголемување од над 50 проценти од ланското деби во Лигата на шампионите, кога Црвена звезда заработи некаде околу 4.000.000 евра.

Секако, ова финансиско зголемување е директно поврзано со значителното зголемување на цените на билетите за натпреварите во групните фази оваа сезона, поради што „црвено-белите“ продале 30.000 пакет – билети, за разлика од 39.000 минатата година.

За натпреварот против Олимпијакос биле продадени околу 3.500 поединечни билети, додека за дуелот против Тотне бројот е зголемен на 6.500, како и за оној против Баерн на 9.500. Сепак, во ниту една од тие натпревари не беше стадионот исполнет до последното место. Инаку, според проценките, тимот од Белград очекувал да заработи околу осум милиони евра од билети за трите натпревари, но ниту оваа бројка не е лоша.

Коронавирус