недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Фудбал

Црвена Звезда ја распродаде „Маракана“ и инкасираше фантастична сума

Црвена Звезда ја распродаде „Маракана“ и инкасираше фантастична сума

Црвена Звезда во вторник на „Маракана“ во Белград го пречекува Јанг Бојс во рамки на реванш натпреварот од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони.

Српските медиуми јавуваат дека најголемиот стадион во Србија е комплетно распродаден во рок од само неколку часа. Вчера имаше километарски редици пред билетарницата и се продадени сите 42.000 влезници кои биле пуштени во продажба. Со ова Звезда инкасирала 500.000 евра само од влезниците.

Останатиот дел од влезниците ќе бидат поделени помеѓу спонзорите на клубот, а се очекува Јанг Бојс да има подршка од 300 навивачи во Белград.

Да потсетиме, Црвена Звезда на првиот натпревар во Берн одигра 2-2, па има сериозни шанси да го елиминира швајцарскиот тим и втора сезона по ред да игра во групната фаза во елитата.