сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 28
home Фудбал

Црвена Звезда е нов европски рекордер – го надмина дури и Ливерпул!

Црвена Звезда е нов европски рекордер – го надмина дури и Ливерпул!

Екипата на Црвена звезда скоро една година го бркаше рекордот на Ливерпул и викендов, конечно, го надминаа, откако со триумфот над Вождовац (6-0) дојдоа до 61. меч по ред без пораз на домашен терен, што е за еден повеќе од остварувањето на тимот од „Енфилд“.

Серијата на црвено-белите почна на 30 април 2017 година со победата над Војводина (2-0), а оттогаш белграѓани остварија 57 победи и имаат четири нерешени средби со гол-разлика 178-26. Во оваа низа, Црвена звезда не прими гол на „Маракана“ на 35 натпревари, а раритет е што ниту еден од противничките тимови не постигнал повеќе од два гола за 90 минути.

Ливерпул, пак, кој е во серија од 60 меча без пораз на домашен терен, оствари 49 победи со 11 ремија со гол-разлика 163-36. Низата на црвените почна на 7 мај 2017 година и сѐ уште трае, со напомена дека избраниците на тренерот Јирген Клоп имаа серија од дури 22 победи по ред.

Коронавирус