понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Фудбал

Црни облаци над „Енфилд“: Почина поранешен голгетер на Ливерпул

Црни облаци над „Енфилд“: Почина поранешен голгетер на Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мајкл Робинсон, почина на 62-годишна возраст.

Оваа тажна вест ја потврди неговото смејство преку соопштение.

Ја соопштуваме оваа тажна вест за смртта на Мајкл. Неговата смрт остава огромна празнина, но и безброј спомени и љубов кои ги делевме. Ви благодарам на сите што придонесовте да не патува сам низ животот, се вели во изјавата на семејството на Робинсон.

Исто така и раководството на Ливерпул испрати порака со сочувство до семејството и навивачите.

Поранешниот ирски голман Робинсон ја започна својата кариера во тимот на Престон Норт во 1975 година, а потоа играше за Манчестер Сити, Брајтон, КПР и Осасуна. Науспешниот дел од кариерата го мина во Ливерпул, освојувајќи три трофеи во 1984 година, англиското првенство, Лига купот и Европскиот куп.

Робинсон играше и во дресот на ирската репрезентација, а откако ја заврши кариерата во 1989 година се пресели во Шпанија. Тој долго време се бореше против една од најтешките болести – рак на кожата.

Коронавирус