среда, 28. јули 2021. Вести денес: 155
home Фудбал

Чурлинов: Оваа ЕП е голем плус за нас како фудбалери, нема да застанеме тука

Чурлинов: Оваа ЕП е голем плус за нас како фудбалери, нема да застанеме тука

Дарко Чурлинов е најмладиот дебитант во историјата на Македонија, а фудбалерот на Штутгарт доби шанса да заигра на ЕП. Чурлинов по поразот истакна дека жали за резултатот, а за дебито е бескрајно среќен.

„Впечатокот е одличен да се игра на ЕП, штета што резултатот не беше како што посакувавме. Тоа е разочарувачки, но имаме меч со Холандија и мораме да се фокусираме на него. Тешко е да се говори за Холандија, уште има емоции кај нас, лично, мое мислење е дека прво полувреме можевме да одиграме многу подобро и тоа беше проблемот за нас на овој натпревар. Во вториот дел бевме многу подобри, нижевме шанси и бевме подобри. Ова ЕП е голем плус за нас за сите фудбалери, нема да застанеме тука“, изјави Чурлинов.

 

Коронавирус