петок, 27. мај 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Чудна одлука: Без алкохол и пиротехника на мечот на кој Милан може да стане шампион!

Чудна одлука: Без алкохол и пиротехника на мечот на кој Милан може да стане шампион!

Првиот човек на Милано, Бепе Сала, донесе одлука за забрана на продажба и консумирање алкохол и користење пиротехнички средства на и околу стадионот „Сан Сиро“ пред и за време на неделниот меч помеѓу Милан и Аталанта, на кој „росонерите“ би можеле да ја прослават шампионската титула.

За прекршителите на оваа забрана се најавени парични казни во износ од 5.000 евра, што е голема сума дури и при евентуална прослава на освојување на шампионскиот трофеј, кој не бил во рацете на миланезите од 2011 година.

На Милан за математички да ја обезбеди титула му треба победа над Аталанта, но и Интер да не го победи Каљари. „Росонерите“ имаат катастрофален скор во домашните мечеви против Аталанта, со оглед што се без победа во последните седум натпревари. Сепак, дури и да одиграат нерешено, влегуваат во последното коло со предност пред градскиот ривал Интер.

Коронавирус