вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

„Чистка“ во Париз: ПСЖ изнакупува играчи, но сега има проблем – како до 180 милиони евра?

„Чистка“ во Париз: ПСЖ изнакупува играчи, но сега има проблем – како до 180 милиони евра?

Еден од најактивните клубови на трансфер пазарот ова лето е ПСЖ, кој во кус период успеа да ги доведе асови како Серхио Рамос, Џиџи Донарума, Џорџино Вајналдум, Данило Переира и Ашраф Хакими.

Сепак „светците“ сега се соочуваат со голем проблем. Купувањето е далеку посилна страна на тимот од „Паркот на принцевите“ отколку продавањето, но ова набргу мора да се промени со оглед на тоа што во финансиските потешкотии кои ги предизвика пандемијата на коронавирус, а клубот е под потпис со 40 играчи. Францускиот гигант се наоѓа во „минус“ од 180 милиони евра, сума што управата ќе се обиде да ја покрие во што поголем дел со продажба на играчи на чии услуги тренерот Покетино не смета сериозно за новата сезона.

Парискиот клуб веќе работи на случајот, а на излезната врата покрај голем број на младинци се наоѓаат и Серхио Рико, Алфонс Ареола, Рафиња, Левин Курзава, Тило Керер, Андер Ерера и Пабло Сарабија. Целта на ПСЖ е да заработи најмалку 100 милиони евра од продажба на играчи, но со оглед на имињата кои се наоѓаат на трансфер листата се чини дека истото ќе биде невозможна мисија.

Покрај овие играчи се споменува и Мауро Икарди кој е единтвената „вистинска“ замена на Килијан Мбапе, но според францускиот медиуми Аргентинецот би можел да биде „жртвуван“ за поголема цел – договор со Јувентус за размена за Кристијано Роналдо.

Коронавирус