понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 23
home Фудбал

Чистка на Енфилд: Осум фудбалери на црниот список на Ливерпул

Чистка на Енфилд: Осум фудбалери на црниот список на Ливерпул

Како што тврдат англиските медиуми во Ливерпул се спрема чистка. Иако веќе не можат да купуваат затоа што трансфер периодот во Англија е затворен минатата недела, англиските клубови и понатаму можат да ги продаваат своите фудбалери.

Според пишувањата на англиските медиуми, дури осум играчи би можеле наредниве денови да го напуштат Енфилд. Кандидати за заминување се Симон Мињоле, Шеји Оџо, Дивок Ориги, Лазар Марковиќ, Педро Чиривела, Марко Грујиќ, Рагнар Клаван и Лорис Кариус.

За дел од овие играчи постои интерес главно од англиски, германски, турски и руски клубови. Со продажба и позајмица на дел од овие играчи, Ливерпул би можел да додаде 52 милиони евра во својот буџет.

Славниот англиски клуб во летниот преоден рок, кој го заврши со минус, потроши најмногу пари од сите англиски тимови. За купувањето на Алисон Бекер, Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шакири потрошени беа 182, 2 милиони евра.

Коронавирус