понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Четирите сценарија како да се доигра ЛШ и да се добие – нов европски првак

Четирите сценарија како да се доигра ЛШ и да се добие – нов европски првак

Ќе се доигра ли Лигата на шампионите? Ќе се доигра по нормален пат, ќе има кратења, поинаков формат…? Сите овие прашања засега нема кој би можел да ги одговори откако среде осминафинале, УЕФА ги прекина сите натпревари по експлозијата со коронавирусот во Европа од кој најголемите фудбалски велесили (Италија, Шпанија, Велика Британија, Фрација и Германија) се најпогодени од пандемијата.

УЕФА веќе најави дека во план е доигрување на ЛШ, Лига Европа, но и националните првенства летово, во јули и август, но засега нема никакви конкретни рокови, ниту термини, ниту начин како да се заврши и Европа да добие нов европски првак, особено откако Атлетико Мадрид го елиминираше бранителот Ливерпул.

Според информациите што кружат, веќе има четири сценарија, подготвени според многу други сценарија пред сè здравствени и најмногу кога би можело да се вратат фудбалските мечеви, макар и без публика.

Првиот план на УЕФА е да се заврши сезоната во ЛШ, а тоа значи и за Лига Европа, по нормален тек. Кога ќе се рестартираат сите лиги, паралелно да се игра и ЛШ, почнувајќи од втората половина од реваншите во осминафиналето. И сите мечеви, практично и до финале да се играат без гледачи, под строг безбедносен протокол.

Втората опција е да има „фајнл ејт“, односно после комплетирањето на реванш осминафиналните мечеви, најдобрите осум екипи од четвртфиналето да одат на завршен турнир во град кој најмалку е погоден од коронавирусот и каде би имале безбедносни гаранции дека ќе може да се игра, па на неутрален терен да се одиграат четвртфиналињата, полуфиналињата и финалето кое ќе го даде европскиот шампион.

Третата опција е да има само „фајнлфор“, со четирите најдобри на неутрален терен, каде прво би се комплетирале полуфиналињата, а потоа победниците би го играле големото финале и би се бореле за европскиот трофеј. Исто како и за „фајнл ејт“ еден град сè би организирал, а претходно нормално би се доиграле осминафиналињата и четвртфиналињата.

Четвртата опција е 11 меча да се одиграат за четири недели, практично во еден месец. Тоа би значело да се доиграат осминафиналињата, а потоа на „неутрален“ терен да се играат четвртфиналињата и полуфиналињата, а финалето на крај да ја спушти завестата на оваа сезона.

Истанбул треба да е домаќин на финалето, како и Гдањск во Лига Европа, но од УЕФА најавиле дека во случај да не се безбедни поради коронавурусот може да бараат алтернативни места за одигрување, сè со цел да се заврши сезоната.

Коронавирус