понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Чешките власти ја критикуваа УЕФА поради казната за Кудела

Чешките власти ја критикуваа УЕФА поради казната за Кудела

Кабинетот на претседателот на Чешка Милош Земан ја осуди денеска одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да го суспендира на десет натпревари фудбалерот на Славија Прага, Ондреј Кудела.

Чешкиот фудбалер беше казнет во средата за навреди на расна основа кон играчот на Глазгов Ренџерс Глен Камара на мечот од осминафиналето во Лига Европа.

Во отвореното писмо што кабинетот на Земан го испрати до УЕФА се наведува дека Кудела без докази бил прогласен за виновен.

-Одлучивте да казните фудбалер, кој никому не наштетил, туку само вербално, според неговите зборови, го навредил својот соперник. Изрекувате казна кон пристојна личност без ниту еден доказ, стои во писмото од кабинетот на чешкиот претседател до УЕФА.

Коронавирус