вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 162
home Фудбал

Челзи тргна по играчот на ПСЖ – тој е голема желба на Тухел

Челзи тргна по играчот на ПСЖ – тој е голема желба на Тухел

Актуелниот европски првак Челзи има намери дополнително да го засили тимот за новата сезона.

Француски „Л’Екип“ пишува дека тренерот на Челзи, Томас Тухел има намера да го искористи доаѓањето на Серхио Рамос на „Паркот на принцовите“ за да го донесе Преснел Кимпембе во Лондон.

Германскиот тренер очекува Рамос да го заземе местото на Кимпембе и дека ова е шанса да го донесе на Стемфорд Бриџ.

Инаку, Пресенел Кимпем има договор со парижаните до летото 2024 година.

Коронавирус